cool off - онтологија

доизлади повеќе

Види и: излади (св.)
доизладат
Вид збор: Глагол, свршен
Излади нешто сосема, добро, доволно.
Албански: ftohë në tërësi
(се доизлади) Се излади добро, доволно.
Албански: ftohë mjafteushëm

залади повеќе

заладат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) Почне да станува ладно.
Албански: ftohet
Стане ладно.
Албански: ftoh
Употреба: Безлично
(се залади) Почне да станува ладно.
Албански: ftoh
(се залади) Стане ладно.
Албански: ftoh

застуди повеќе

Види и: студи (несв.)
застудат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - залади, стане студено.
Албански: bëhet ftohtë
Стане студено.
Албански: bëhet ftohtë
Употреба: Безлично

излади повеќе

изладат
Вид збор: Глагол, свршен
Лади целосно, до крај.
Албански: ftohë
(се излади) Стане ладен.
Албански: ftohë

истине повеќе

истинат
Вид збор: Глагол, свршен
Се олади, стане ладен.
Албански: ftoh
Стане рамнодушен кон некого или кон нешто.
Албански: ftohem
Употреба: Преносно значење

ладнее повеќе

ладнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува сѐ поладен.

олади повеќе

оладат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде ладно.
Албански: ftoh
(се олади) Излади.
Албански: ftoh
(се олади) За чувства - стане воздржан.
Албански: ftoh
Употреба: Преносно значење

оладни повеќе

Види и: олади (св.)
оладнат
Вид збор: Глагол, свршен
олади

подзалади повеќе

Види и: залади (св.)
подзаладат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3 л.) За време - залади малку.
Албански: freskon
Залади малку.
Албански: freskohet
Употреба: Безлично

подизлади повеќе

Види и: излади (св.)
подизладат
Вид збор: Глагол, свршен
Излади малку, донекаде.

подистине повеќе

Види и: истине (св.)
подистинат
Вид збор: Глагол, свршен
Истине малку, донекаде.
Албански: ftoh
Стане донекаде рамнодушен кон нешто.
Албански: zbehet
Употреба: Преносно значење

подолади повеќе

подоладат
Вид збор: Глагол, свршен
Олади, излади малку, донекаде.
За време - се намали надворешната температура.
Употреба: Безлично
Смири малку силни чувства, стане во некоја мера рамнодушен кон некого или кон нешто.

позалади повеќе

Види и: залади (св.)
позаладат
Вид збор: Глагол, несвршен
Залади, стане ладен во поголем степен.
(се позалади) Се залади малку, повеќе.

поизлади повеќе

Види и: излади (св.)
поизладат
Вид збор: Глагол, свршен
Излади малку, донекаде или уште малку.
Албански: ftoh pak
(се поизлади) Се излади малку или уште малку.
Албански: ftohet pak

поистине повеќе

Види и: истине (св.)
поистинат
Вид збор: Глагол, свршен
Истине малку, или малку повеќе.

поолади повеќе

Види и: олади (св.)
пооладат
Вид збор: Глагол, свршен
Олади, истине малку, до некој степен.
Албански: ftohë
(се поолади) Се олади малку.
Албански: freskoj, ftoh

пооладни повеќе

Види и: поолади (св.)
пооладнат
Вид збор: Глагол, свршен
За чувство - се смали, ослабне малку.

поразлади повеќе

Види и: разлади (св.)
поразладат
Вид збор: Глагол, свршен
Разлади, истине малку, во некој степен.
Албански: ftohet pak
Олади, освежи малку.
Албански: ftohet, freskohet
(се поразлади) Стане малку поладно.
Албански: ftohet, freskohet
(се поразлади) Се освежи малку, во некоја мера.
Албански: ftohet pak

разлади повеќе

Види и: лади (несв.)
разладат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане ладно или уште поладно.
Албански: ftoh
(се разлади) Стане ладен или уште поладен.
Албански: ftohet

стине повеќе

стинат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се лади, разладува малку по малку
Примери:
Водата стине.

стинее повеќе

Види и: стине (несв.)
стинеат
Вид збор: Глагол, несвршен
стине